Продолжува денеска судењето за „Триста“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот на СЈО „Триста“, во кој обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила.

Ова е и последно судење закажано за предмет на СЈО во Кривичниот суд за годинава.

Поповски се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.

Во предметот „Триста“ според одлуката на Апелацискиот суд прислушуваните разговори може да се користат како доказен материјал.