Проди: Да се забрза процесот на присоединување на балканските држави во ЕУ

Неизоставно мора да биде забрзан процесот на присоединување на државите од Балканот кон Европската унија. Нема да има целосен и траен мир во Европа се додека сите, повторувам, сите земји од континентот не станат дел од големото европско семејство. Тоа вечерва за МИА го изјави поранешниот претседател на Европската комисија Романо Проди во Охрид, каде на свечен начин му беше врачена Светската награда за хуманизам за 2019 година.

-Јас сум економист. Доколку се погледнат бројките, јасно е дека сите држави од Балканскиот Pолуостров остваруваaт бруто национални приходи [to не се повеќе од два до три проценти од европската економија. Тоа повеќе од јасно кажува дека проширувањето е политички проблем. Се разбира постојат економски прашања, но тоа е минорно, истакна Проди.

Што се однесува на процесот на решавање на спорот со Грција околу името, Проди изрази уверување дека таа препрека што стои на патот на Македонија кон членството во НАТО и ЕУ ќе биде надмината.

-Не би сакал да заземам страна во сиот тој процес што е во тек. После навистина долги 27 години, верувам дека ќе биде изнајдено заедничко име за мојата сакана Македонија. Секако, тука мора да се истакне дека се уште има домашни задачи што земјата ќе мора да ги одработи, но на крајот на краиштата ќе повторам, сепак проширувањето на ЕУ останува политичко прашање, нагласи тој.

Романо Проди е еден од водечките визионери и градители на европската идеја, екс-премиер на Италија и претседател на Европската комисија. За време на неговиот петгодишен мандат како претседател на Европската комисија, Европската унија го оствари најголемото проширување со десет нови членки, од кои осум држави од Источна Европа. Тој е првиот политичар кој ја добива Годишната награда за хуманизам што се доделува во Охрид, активност осмислена во насока на возобновување на духовната меморија за првата средновековна школа на хуманизмот основана од sветите Климент и Наум, учениците на Св. Кирил и Методиј – заштитниците на Европа.