Провокативна на црвениот тепих: Хали Бери никако не старее

Хали Бери (51) на доделувањето на „NAACP имиџ авардс“ во Пасадена, Калифорнија, се појави во провокативен фустан на црвениот тепих.

Актерката заблеска во црно-црвен проѕирен фустан од колекцијата есен/зима 2016 на Рим Акра. Таа е дефиниција за вечна младост и што и да облече неа одлично ѝ прилега.

Згодната актерка позираше во заводливи пози и целото внимание го привлече кон себе. Фустанот што таа го носеше не е во слободна продажба.
Инаку, Хали Бери е мајка на две дечиња, ќеркичка од Габриел Аубри и синче од Оливие Мартинез.