Проблеми со снегот во Центар пријавете на 076-313-381

Жителите на Центар можат да пријават проблеми со снегот на 076-313-381. Телефонот е во функција 24 часа.

Од Центар велат дека досега имале само неколку јавувања, генерално апели за чистење на неколку улички на Водно. Улиците биле расчистени во најкус рок, впрочем, расчистување на делот на Водно било и приоритет во започнатата акција на зимската општинска служба која располага со три машини.