Пријавено мачење коњ во Скопје

Во полицијата вчера е пријавено дека на ул. „Перо Наков“ во Скопје непознат сторител мачел коњ. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека М.И. (35) од Скопје пријавила дека вчера околу 15 часот на ул. „Перо Наков“ во Скопје непознат сторител мачел коњ, удирајќи го со нозе и со раце. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.