Прифатено обвинението за случајот „Топлик“

Основниот суд Скопје го прифати обвинението за случајот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во „Топлик“ осомничени се шест лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за продажбата на градежна парцела за изградба на населбата Сончев град во скопско Сопиште.

За „Топлик“ снимките од прислушуваните разговори се прифатени како докази.