Притворени 66 припадници на военото воздухопловство во Турција

Турските власти денеска притворија 66 припадници на военото воздухопловство поради поврзаност со движењето ФЕТО, предводено од исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, јави телевизијата Ен-Ти-Ви.

Апсењата биле извршени по налог на обвинителството од градот Ескишехир.

Ѓулен е обвинет дека е главен организатор на обидот за државен удар во 2016 година, кога неколку единици на турската армија и военото воздухопловство се обидоа да го соборат претседателот Реџеп Тајип Ердоган од власт.