Принцот Хари се сврши со американска актерка

AНГЛИЈА- Принцот Хари (33) се  сврши со американската актерка Меган Маркл (36).

“Неговото кралско височество, принцот од Велс, со задоволство соопштува дека принцот Хари  се сврши со госпоѓица Меган Маркл. Свадбата ќе биде на пролет, во 2018 година. Понатамошни детали за венчавката ќе бидат објавени во иднина“, стои во соопштението на Кларенс хаус.

Принцот Хари исто така побарал согласност од родителите на Меган за да ја запроси. Двојката која се забавува повеќе од една година, ќе живее во Нотингем котиџ во Кенсингтонската палата.

Разведената Меган е позната по улогата во ТВ драмата “Костуми“. Се очекува од САД да се пресели во Лондон, Англија.