Принцот Вилијам и Кејт на одмор на Карибите

Англија-Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон заедно со децата отпатуваа на одмор на Карибите. Со приватен авион слетаа на приватниот остров Мистик познат по дискретноста и ексклузивните гости.

Двојката претходно уживаше на островот на два пати, во 2012 и во 2014 година, а родителите на војвотката од Кембриџ секоја зима се релаксираат тука.

Вилијам и Кејт имаа напорен период. Трето бебе, принц Луис, кралска свадба меѓу принцот Хари и Меган Маркл и крштевањето на принцот Луис.