Принцот Алберт и Шарлин ја имаат најубавата божикна честитка

Монако– Новогодишната семејна идила на кралското семејство е отсликана на божикната честитка за 2019. Покрај раскошна елка позираат принцот Алберт Втори (60), со сопругата, пливачката Шарлин Винсток (40),  близнаците Жак и Габриела кои имаат по четири години и домашниот миленик.

Белата и црвената боја доминираат во гардеробата која е покласична за родителите, а поспортска за синот.

Подароците се спакувани под елката, желбите не се откриваат и се чека Дедо мраз.

Двојката пред три години ги доби децата, и оттогаш водат семен живот подалеку од скандалите кои го врзуваа принцот Алберт, синот на Грејс Кели и принцот Рение.