Принови во кланот на Кардашијан

САД- Ким Кардашијан и Канје Вест го чекаат третото дете од сурогат мајка. Сестрата Клои  е бремена со првото дете, а полусестрата Кајли само што го почна реалното шоу, е бремена со првото дете на 20 години. Сестрата Кортни веќе има три деца со Скот Дисик. Од семејството, само сестрата Кендал Џенер, нема уште деца ниту дечко, ама прави завидна манекенка кариера. Неделава, со заработени 22 милиони долар, лани, ја симна Бразилката Гизела Бундшен по 15 години, како најплатена манекенка на модната сцена во светот.

Ким Кардашијан, воедно, со сопругот Кање Вест, го продадоа својот имот “Бел-Ер” во Калифорнија за неверојатни 17,8 милиони американски долари. Сега тие ќе се преселат во нивната 16.000 квадратни метри, нова куќа, купена за 20 милиони долари.