Прилепчанец почина во пожар

Шеесет и пет годишниот Ѓ.А. од Прилеп го загуби животот откако во пожар што избувна вчера околу 13:50 часот во механичарска работилница во Прилеп. До несреќата, според МВР, дошло кога Ѓ.А., додека поправал автомобил „сеат толедо“ од непознати причини избувнал пожар во возилото, по што се обидел да го изгаси, но паднал во безсознание. Бил пренесен во прилепската болница каде била констатирана смрт, а полициски екипи извршиле увид на местото. Според првичните сознанија, Ѓ.А. боледувал од срце.