Приведен напаѓачот од аеродромот во Амстердам, нема повредени патници

Состојбата на аеродромот „Шипол“ во холандскиот град Амстердам е нормализирана по денешниот инцидент во кој припадници на воената полиција пукаа во човек вооружен со нож.

Напаѓачот бил ранет од страна на полицајците и бил притворен. Никој друг не бил повреден во инцидентот.

Влезот на аеродромот каде се случил инцидентот беше привремено евакуиран и затворен за патниците, но состојбата сега е нормализирана и летовите продолжуваат без прекин