Приведени Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски за 27 април

Приведен е поранешниот претседател на парламентот Трајко Вељаноски и, според првичните информации, се очекува во секој момент да биде изведен пред судија на претходна постапка. Вељановски, според информации од обвинителството, е приведен во рамки на предистрагата што ја отвори Обвинителството за организиран криминал за организаторите на настаните во парламентот на 27 април 2017 година.
Покрај Вељаноски приведени се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и некогашниот министер за образование Спиро Ристовски. Сите тројца се на однесени на распит во судот и за сите нив обвинителството бара притвор.
Со предметот се опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, како и разузнавачот Никола Бошковски, кој е во Бегство во Грција. За организаторите на настаните на 27 април не е предвидена амнестија, согласно со Законот што беше донесен кон крајот на минатата година. Ако судот му одреди притвор ан Вељаноски, парламентот ќе треба да одлучува за одземање на неговиот пратенички имунитет.