Приведени двајца велешани кои превезувале мигранти

Полицијата вчера околу 4:00 часот приведе двајца велешани кои превезувале четворица мигранти од Иран, кои по расправија со двајцата им го одзеле клучот од возилото и побарале помош кај наплатната рампа „Градско“.

Како што информираат од МВР, полициските службеници од Полициската станица Неготино по преземени мерки на местото на настанот биле пронајдени И.Р. (36) и С.Р. (20), двајцата од Велес, патничко возило „Митцибуши“ и четири лица, мигранти од Иран, кои изјавиле дека биле превезувани во наведеното возило, управувано од И.Р. Поради недоразбирање со двете лица од Велес, мигрантите им го одзеле клучот од возилото и настанала вербална расправија.

И.Р и С.Р. биле приведени во полициската станица Неготино, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци Скопје и Прифатниот центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка.