Претставата „Солун, град на духови“ во режија на Унковски во кино Култура

Претставата „Солун, град на духови“ во режија на Слободан Унковски, по текст на Русомир Богдановски, а инспириран од истоимената книга на Марк Мазовер, ќе се одржи во вторник (17 април) во 20 часот, во кино Култура.

Таа претставува хроника на животот и случувањата во текот на пет века, во најзначајниот град на Македонија. Опфаќа период од турското освојување на Солун во 1430 година, па се до депортацијата и холокаустот на 45.000 солунски евреи во логорот Аушвиц. Русомир Богдановски инспириран од оваа историска хроника развива документарно играна драма возбудлива по настаните, судбините на луѓето и течењето на времето.

Актери во претставата се Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин Манев, Горан Ников и Владимир Петровиќ. Цената на билетите изнесува 200 ден. Тие може да се резервираат на kinokultura2015@gmail.com.