Претставата „Маша и Медо“ повторно во Скопје

Детската руска претстава „Маша и Медо“ е повторно на нашите простори. Таа ќе се одржи на 16 -ти, декември 2017 година, во 17 часот – Вип Арената „Борис Трајковски“.

Влезниците ќе можете да ги набавите од 22 ноември.

Поради големата популарност, која лани имаше дури пет изведби – во Македонскиот народен театар, по овој повод повторно доаѓа руската актерска екипа, која ќе ги претстави авантурите на „Маша и Медо“.

Претставата ќе биде синхронизирана на македонски јазик.