Претпладне сончево, попладне грмежи

 Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните и јужните делови ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, дневната од 27 до 32 степена.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје сончево и топло, попладне со умерена облачност. Попладне малку ќе има зголемена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

До утре во попладневните делови од денот и особено во крајните западни и јужни делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а во петок ќе има и зголемување на облачноста. Во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. До утре кога ќе биде и најтопло дневните температури ќе бидат во благ пораст.