Претепан средношколец во центарот на Скопје

Шеснаесетгодишен ученик бил претепан вчера на автобуската постојка во близина на зградата на Народна банка на Македонија – во центарот ан Скопје. .

Како што е наведено во полицискиот билтен, таткото на ученикот вчера во 15:30 часот пријавил во полиција дека околу 13:00 часот, неговиот 16-годишен син од село Побожје, ученик во средно училиште, бил физички нападнат од неколку лица на возраст од 16-17 години. Настанот се случил додека средношколецот чекал на автобуската постојка во близина на Народна банка, заедно со негови другари,

Од нападот, малолетникот се здобил со видливи повреди, а се пожалил и на болки во главата. Полицијат презема мерки за пронаоѓање на лицата.