Престрелка кај „Лептокарија“ во Скопје

Во близина на ТЦ Лептокарија во Карпош вечерва  дошло до престрелка меѓу две возила во движење. Како што информираат од полицијата, досега нема пријавени повредени лица, а нема ниту траги од крв на местото.

Во моментов полициски екипи се на терен и вршат увид, а сообраќајот на тој дел од булеварот се одвива отежнато.