Препораки: Ослободување од работа на бремени жени и лица постари од 60 години

Ослободување на бремените жени и лицата над 60 години од работа и реогранизација на работното време за работниците кои работат на отворено, препорачува Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство по најавите за студен бран од портокалова фаза во текот на утрешниот ден.

За работниците коишто работат на отворено се препорачува реорганизација на работното време од 10 до 16 часот, со повремени паузи по половина час во топли простории на секои два часа.

Комисијата апелира да се избегнува физичка активност на отворено, а при движење да се внимава на лизгави површини и носење на топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, почеста консумација на топли напитоци и редовно земање на терапија кај хронично болните лица.

Во случај на настинка и потешкотии на дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.