Премиерот Заев на Самит за Западен Балкан во Лондон

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на 26 февруари ќе престојува во Лондон, Обединетото Кралство, каде ќе учествува на Самитот за Западен Балкан за привлекување странски инвестиции.

– На инвестицискиот Самит за Западен Балкан во организација на Европската банка за обнова и разво (ЕБОР), ќе учествуваат шефовите на владите на сите шест земји на регионот, кои ќе имаат можност да ги презентираат потенцијалите за инвестирање пред преку 200 претставници на компании кои покажаа интерес да ги прошират своите бизниси во регионот, информира владината прес-служба.