Премиера на „Бракот е брак“ во Театар Комедија

Претставата „Бракот е брак“ на режисерката Теа Беговска, работена според „Просидба“ од Антон Павлович Чехов ќе биде премиерно изведена вечер во Театар Комедија во Скопје.

Театарската екипа ја сочинуваат Роберт Ристов, Столе Мицов, Ева Скендеровска, Ердоан Максут и Миа Кантарџиева. Музиката е на Енес Беговски, сценографијата на Сергеј Светозарев, а костимографијата на Марта Дојчиновска.

Ова е трета нова премиера од отворањето на новата сезона на Театар Комедија.

Според режисерката Беговска, претставата обработува цел еден процес на правење претстава, проблематики на режисерот, на актерите, на театарот како институција видени низ ликот на директорот.