Преживеаниот борец од НОБ Црноречки гласаше на референдумот

Еден од преживеаните борци од НОБ, Раде Гогов-Црноречки, на 96-годишна возраст, денеска меѓу првите излезе и гласаше на референдумот. Станува збор за партизан кој учествувал во обезбедувањето на манастирот Прохор Пчински, за време на Првото заседание на АСНОМ.

– Го остварив своето уставно право и излегов и гласав на овој референдум. Ако можев јас да го сторам тоа, а ближам до стотката, мислам дека и другите треба да го искористат своето право на глас. Затоа што народот е тој што одлучува, вели Гогов за МИА.

Бил учесник во НОБ од 1941 година и учествувал во многу борби, има орден партизанска споменица 1941 и 14 други одликувања.

По војната работел во Белград како инструктор со чин полковник во Штабот на Корпус за народна одбрана на Југославија, КНОЈ, служба која ги обезбедувала највисоките државни органи и границите и се грижела за безбедноста. Штабот бил во Белград, а имал претставништва во сите републики.

Црноречки е по потекло од Кавадарци, а избирачкото право го остварува во Скопје.