Пред СЦ „Јане Сандански“ нападнати вработен во Агенција за обезбедување и двајца полицајци


Двајца скопјани вчера попладне физички нападнале вработен во Агенција за обезбедување на влезот  во спортскиот центар „Јане Сандански“, а при интервенција биле нападнати и двајца полицајци, по што напаѓачите се приведени во полициска станица.

– Во спортскиот центар „Јане Сандански“, на влезот од салата, за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на кошаркарските клубови „МЗТ-Скопје“ и „Работнички“ синоќа околу 17:45 часот, скопјаните Ј.Б. (24) и А.Д. (33) физички го нападнале С.Н., вработен во Агенција за обезбедување кој вршел службени дејствија како обезбедување на натпреварот, при што му нанеле телесни повреди, наведено е во полицискиот билтен.

При интервенција на полициски службеници, биле нападнати и двајца полицајци, по што напаѓачите се приведени во полициска станица. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.