Пред концертот во Скопје: „Тропико“ со нови песна и спот

Пред солистичкиот концерт закажан на 28 април во ВИП Арена „Борис Трајковски“, момците од  бенд „Тропико“ решија да ги израдуваат фановите. После три годни од последното цеде, подготвија три нови песни од кои една е веќе пуштена во јавноста.

-Синглот „Само иди“ е една мала увертира за она што го подготвивме за нашата публика. Иако сите три песни се сосема различни, не само една од

друга, туку и од она што досега го работевме, со нетрпение ги очекуваме реакциите на публиката“, вели Сале, фронтменот на бендот.

После видеото за песната „Само иди“ се очекува екранизација и на дуетската песна со Џенан Лончаревиќ, во режија на Вук Костиќ.