Предновогодишна журка со Џибони во Скопје

Хрватскиот кантавтор Џибони ќе биде ѕвездата на годинешното издание на фестивалот „Ол ју нид ис лав“(All you need is love) на 23 декември во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

Другите изведувачи ќе бидат познати во понеделник, на 29 октомври, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба од идната среда, најавува организаторот „Авалон продукција“. Цените ќе се движат од 700 денари во Партер до 2000 денари на ВИП-местата.