Предметот на Зоран Божиновски споен со „Шпион“, ново рочиште на 17 мај

На Зоран Божиновски ќе му се суди заедно со обвинетите во случајот „Шпион“.

Оваа одлука ја донела судијката, која досега му судела на Божиновски, кој е осомничен во случајот „Шпион“, но постапката за него беше раздвоена поради тоа што им беше недостапен на органите на прогон.

Божиновски беше уапсен во Нови Сад во април 2016 година и беше екстрадиран во Македонија.

Предметот „Шпион“ сега го застапува Специјалното јавно обвинителство, откако го презеде од редовното обвинителство.

Ново рочиште за овој предмет е закажано за 17 мај, до кога СЈО треба да го прецизира обвинителниот акт.

Апелацискиот суд лани ги ублажи казните на обвинетите и ја преиначи првостепената одлука на Кривичниот суд.

Во случајот „Шпион“ кој е од 2013 година, осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје.