Преговори на Тилерсон и Чавушоглу за безбедносна зона на границата со Сирија

САД и предложиле на Турција да биде формирана безбедна зона со длабочина од 30 километри во северна Сирија, на границата со Турција. Ова било дискутирано меѓу турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

Чавушоглу изјави дека токму тоа е целта на турската воена операција во северна Сирија, каде веќе пет дена турските сили ги потиснуваат одредите на курдската група Сили за заштита на народот во областа Африн. Сили за заштита на народот за Турција се терористичка организација и инсистира дека нејзиното присуство на границата меѓу Сирија и Турција е неприфатливо.

Американските власти, кои ги поддржуваат Сили за заштита на народот во нејзината борба против Исламската Држава, ја повикаа Турција да биде воздржана во своите воени операции во Сирија.

Тилерсон и Чавушоглу разговарале за кризата во Африн за време на нивната средба во Париз.