Прегазен пешак, повредена и сопатничка во сообраќајка

Во две одделни сообраќајни незгоди, настрадаа еден пешак и совозач, соопшти полицијата.

Во вторникот, во 11.32 часот на улица „Јустинијан Први“ во Скопје,  патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(31) од село Чифлик, скопско, удрил во пешакот Б.В.(79) од Скопје. Б.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Истиот ден, околу 22.40 часот на локалниот пат Хиподром – Илинден К.М.(33) од Скопје, управувајќи патничко возило „Пежо 306“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Т.И.(32), сопатничка во возилото, додека возачот се здобил со телесни повреди. Т.И. била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.