Прегазен пешак кај село Грешница

Четириесет и четири годишен маж е повреден откако е удрен со автомобил во Кичевско.

Несреќата, како што соопшти МВР се случила вчера во 14:50 часот во село Грешница, кога патничко моторно возило удрило во 44-годишниот пешак.

На мажот му е укажана лекарска помош во Кичево, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.