Прегазен велешанец на паркинг

На паркинг простор на улица „Ангел Мишев“ во Велес, вчера околу 11 часот патничко возило „Фиат брава“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 59 годишниот Г.Ј. од Велес, удрило во пешакот 26 годишниот  Н.Д. од Велес.

Како што информираат од СВР Велес, пешакот се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош во Општата болница во Велес.

Полицијата  извршиле увид на местото на настанот.