Прв тренинг на Ѓоковиќ по операцијата на лактот


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го одработи првиот тренинг само неколку дена по операцијата на лактот на десната рака.

На снимката од теретаната поранешниот прв рекет во светот може да се види дека не носи гипс, ниту пак завој.  Ѓоковиќ сам навести по „малиот хируршки зафат“ во Швајцарија,  дека е на чекор до целосно, а брзото враќање на тренинзите ја поткрепуваат оптимистичката прогноза.

– Им благодарам на сите за поддршката која ја добивам по операцијата на лактот, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм.

Во моментов најдобриот српски тенисер е 13. на АТП листата