Прв Мастерс трофеј за Зверев

Германецот Александер Зверев за прв пат во својата кариера стигна до Мастерс трофеј. Тој вечерва во Лондон на завршниот турнир за оваа сезона го победи првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ со 2:0 (по сетови 6:4 и 6:3).

Финалето во „О2“ арената во Лондон траеше еден час и 21 минути. Со 21 година и шест месеци, Зверев е најмладиот шампион на престижниот турнир во Лондон.

Воедно тој е третиот Германец кој го освоил трофејот по Борис Бекер и Михаел Штих.

Наградниот фонд на Мастерсот во Лондон изнесуваше 8,5 милиони долари.