Прво рели со олдтајмери во Скопје

КК Примо авј и О.К. Класик под покровителство на Општина Центар в сабота (29 септември) организираат манифестација од еднодневен карактер Олдтајмер Рели Скопје 2018.

Ревијата се состои од два дела. Првиот дел е изложба на олдтајмер возила и моторцикли, во кој учество ќе земат 20 странски и 35 домашни претставници на ексклузивни олдтајмер возила поделени во два периоди до 1970 година и од 1971 до 1984 година. Возилата ќе бидат оценети и наградени од стручна техничка комисија.

Вториот дел е олдтајмер рели кое за прв пат се организира во Скопје. Стартот (12 часот) и целта е пред Општина Центар, по точно одредена рута со претходно изготвена патна книга. Возилата ќе бидат поделени во две класи, а победниците наградени.

Возилата ќе бидат поделени во две класи: Класа 1 возила произведени до 1970 година и  Класа 2 возила произведени од 1971 до 1984 година.

Организаторите ќе ги прогласат најдобрите во категориите за најстаро возило, најоригинално реновирано и на кабриолет возила.