Први резултати: 91 отсто „За“, а 6 отсто „против“

„За“ гласале 91,03 проценти, „против“ 6,03 отсто – првични резултати од обработени 710 избирачи места

Според првичните податоци што ги објави Државната изборна комисија (ДИК) на својата веб страница од обработени 20 проценти од избирачките места, „за“ на референдумското прашање се изјасниле 91,03 проценти, а „против“ биле 6,03 проценти.

Граѓаните на Македонија на денешниот референдум се изјаснуваа за прашањето „Дали сте за члество во ЕУ и НАТО со прифање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“.

Според последните објавени податоци од ДИК, одѕивот на референдумот до 18.30 изнесувал 34,09 проценти.