Прва прошетка во вселената на јапонски астронаут

Американскиот астронаут Марк Ванде Хај и неговиот јапонски колега Норишиге Канаи, успешно ја завршија својата вселенско прошетка.

Тоа беше прво излегување во отворена вселена за Јапонците, а четврто за Американците.

Целта на излегувањето беше да се преместат некои елементи на застарената, но неопходна 17-метарската роботска рака на Канадар-2 на Меѓународната вселенска станица.

Раката се користи за „фаќање” на бродовите што се приближуваат до вселенската станица.