Прва стрип-колонија во Македонија „Велес 2018“

Од утре до сабота во Велес ќе се одржи првата стрип колонија во Македонија. Според организаторите, истата колонија е еволутивен напредок во организирањето на традиционалниот стрип салон, кој секоја година се организира во Велес.

На овој начин се имаат решено заради можноста за подолготраен активен контакт и соработка помеѓу учесниците од разни земји.На првата стрип колонија учество ќе земат гости од Србија; Рашка, Лесковац и Белград,потоа Црна гора и се разбира автори од разни генерации од Македонија.

Нивна задача за време на престојот да нацртаат стрип , без оглед дали е претходно подготвен.Под будното око на специјалниот гостин Владимир Весовиќ од Белград тие ќе ги развиваат своите способности.

Стрип колонијата во Велес ќе се одвива во просториите на Средношколскиот дом „ЛАЗАР ЛАЗАРЕВСКИ“. Нацртаните стрипови ќе бидат во конкуренција за првата награда на веќе објавениот интернационален стрип конкурс (рок 20 септември) а со тоа и објавување во ревиите „СТРИП КРЕАТОР“ И „АЛМАНАХ“ ,како и традиционалната стрип изложба,во средината на месец октомври во Велес.