Прва модна ревија на кралицата Елизабета: Во прв ред со Ана Винтур во Лондон

Англија- Се состанале кралицата на модата и кралицата на Британија, бил еден д коментарите на сметка на изненадувачката посета на кралицата Елизабета на годинешната Модна недела во Лондон, на која во друштво на Ана Винтур ја проследила модната ревија на дизајнерот Ричард Квин. Потоа му ја врачила првата Награда која од сега ќе ја доделува на перспективните британски модни дизајнери. Квин е познат по исклучителните принтови.

Ова било првпат 91. годишната британска кралица да се појави на лондонската Недела на модата. Славната модна уредничка Ана Винтур ниту кралската појава не ја спречила во носењето на очилата за сонце, нејзиниот заштитен знак.

Кралицата, облечена  во пастелно сино палто и здолниште дизајнирани од Ангела Кели, нејзината лична асистентка и дизајнерка, ги следеше моделите кои дефилираа на пистата.