Прва лига: Шкендија есенски првак

Денеска беа одиграни натпреварите од 16. коло во Првата лига каде што водечките Вардар и Шкендија обезбедија победи на гостувањата.

Водечката Шкендија славеше на гостувањето во Турново  каде домаќин  беше  Победа со 0-2 и на две кола до крајот на полусезоната стана есенски првак.Вардар со 0-1 ги освои бодовите во Кратово  против  Силекс.

Работнички беше подобар од Македонија ЃП со 5:1, Ренова и Академија Пандев одиграа нерешено 1:1, а Шкупи во судиското надополнување ја обезбеди победата над Беласица од 1:0.

ПРВА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ 16. КОЛО

Силекс – Вардар 0:1

Победа – Шкендија 0:2

Работнички – Македонија ЃП 5:1

Ренова – Ак. Пандев 1:1

Шкупи – Беласица 1:0

ТАБЕЛА:

  1. Шкендија 37
  2. Вардар 31
  3. Ак. Пандев 26
  4. Работнички 23
  5. Ренова 20
  6. Шкупи 19
  7. Победа 17
  8. Македонија ЃП 17
  9. Беласица 17
  10. Силекс 14