Прашање што ги мачи Американците: Зошто Македонија ја има освоено Грција?

Чехот Јакуб Маријан, кој за себе вели дека е лингвист, картограф, музичар и математичар, изработи интересна мапа на Европа, во врска со прашањата што Американците му ги поставуваат на Гугл за европските држави. Тој за изработката на оваа мапа го искористил прашањето „Зошто Македонија…“, па Гугл автоматски го дополнува прашањето.

Од добиените резултати изгледа дека Американците едноставно не можат да ги разберат европските сојузи, како Европската Унија и Советскиот Сојуз.

За генерирање на мапата, Јакуб Мариан користел ВПН-сервер со седиште во Њујорк, па резултатите покажуваат што бараат Американците. Ако пристапувате на Гугл од друга земја, може да добиете различни предлози.

Во врска со другите словенски земји, Американците ги поставиле следниве прашања:

Украина -> Зошто Украина влегла во Советскиот Сојуз?
Белорусија -> Зошто Белорусија излегла од Советскиот Сојуз?
Русија -> Зошто Русија влегла во Првата светска војна?
Србија -> Зошто Србија влегла во Првата светска војна?
Македонија -> Зошто Македонија ја има освоено Грција?
БиХ -> Зошто Босна и Србија беа во војна?
Полска -> Зошто Полска се побуни во 1830 година?
Бугарија -> Зошто Бугарија учествуваше во Втората светска војна?
Црна Гора -> Зошто Црна Гора влезе во НАТО?
Хрватска -> Зошто Хрватска влезе во ЕУ?
Словачка -> Зошто Словачка влезе во ЕУ?
Чешка -> Зошто Чешка и Словачка се разделија?
Словенија -> Зошто Словенија и Хрватска прогласија независност?