Пратеник од СИРИЗА се обрати на македонски во грчкиот Парламент

На македонски јазик, односно на костурски дијалект се обрати денеска во грчкиот Парламент пратеникот од СИРИЗА, Јоргос Урзидис, кој му даде поддршка на договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот со името.

Урзидис, кој има потекло од северна Грција од говорницата откако пораката ја кажа на македонски јазик, односно на костурски дијалект, потоа ја преведе на грчки.

Урзидис изјави дека е време да се остави позади тоа што не разделува и да гледаме напред.

– Пријатели од Република Северна Македонија, како што се разбравме, време е да го оставиме назад сето она што не разделува и да го видиме напред тоа што е зваемно пријателство, сестринството и љубовта, рече Узурдис на македонски јазик.

Неговиот говор беше поздравен со аплауз од дел од пратениците.