По 36 години од распаѓањето: „АББА“ се обедини за „Мама миа 2“

Шведска– Бјорн Улвеус од „АББА“ зборуваше за тоа колку е радосен поради повторното обединување со неговите поранешни колеги за снимање на нови песни, 36 години откако се распадна шведската супер група.
Музичарот потврди дека четворката снимила две нови песни, но инсистира дека нема да има нов албум.Говорејќи на прес-конференцијата за продолжението на мјузиклот„Мама Миа –одиме повторно“, тој рече: „Ние (тој и Бени Андерсон) напишавме две нови песни и отидовме во студиото заедно со дамите (Агнета Фалтског и Ани-Фрид Лингстад) и тоа беше фантастично искуство.
„Ние одамна не сме биле во студио заедно, бидејќи групата се распадна во ’82, но кога погледнавме наоколу и оваа ситуација се чинеше толку неверојатно позната , што ни требаа само неколку секунди да се врати сѐ како да било вчера.
„Беше многу забавно да се снима повторно и чудно е кога овие две дами почнуваат да пеат заедно, постои звук кој не е сличен на ниеден друг.
„Беше само случајност што требаше да се сретнеме и тие да ги направат тие звуци заедно”.

Бени Андерсон и Бјорн Улвеус повторно беа задолжени за изборот на музиката и на песните, а ја прифатија и работата на извршни продуценти. Тие потврдија дека заедно ќе снимаат нова музика во април, речиси четири децении откако се распаднаа.Потврдено е дека виртуелните „Абатари (Abbatars)“ на групата се создаваат за да ги претставуваат членовите на бендот во висина на нивната слава за претстојната дигитална турнеја.

Една деценија по премиерата на „Мама миа“, филм снимен за 50 милиони долари, кој заработи 12 пати повеќе – 600 милиони долари по прикажувањето низ целиот свет, гледачите ќе се вратат на имагинарниот грчки остров Калокери (на грчки тоа значи лето), со музика заснована на хитовите на групата „АББА“. Улогата на Дона овој пат ја толкува Мерил Стрип, добитничката на три „оскари“ за епизодната улога во „Крамер против Крамер“ и за главните улоги во филмовите „Изборот на Софија“ и „Челичната леди“. Нејзините најдобри пријателки Рози и Тања ги играат Џули Волтерс и Кристина Барански.

Аманда Сајфред и Доминик Купер и во продолжението ги толкуваат ликовите на ќерката Софи и зетот Скај, додека Пирс Броснан, Стелан Скарсгард и Колин Фирт, награден со „оскар“ за главна улога во „Говорот на кралот“, се враќаат на улогите на потенцијалните татковци на Софи: Сем, Бил и Хари. Актерската екипа ја дополнува Лили Џејмс („Пепелашка“, „Возач“), во улогата на младата Дона. Освен скриеното, но сепак прерано откриено изненадување – Шер, во филмот се појавува и Енди Гарсија.

„Мама миа: одиме повторно“ е снимен според сценариото и во режија на Ал Паркер, а продуценти се Гери Гоцман и Џуди Крајмер. Инаку, машката половина на групата „АББА“,Првиот филм, работен по урнекот на успешниот бродвејски мјузикл, ни овозможи да се сетиме на сите дископоп-хитови, со доза на носталгија и задоволство, потпевнувајќи ги кога ќе ги слушнеме во етерот.

По лондонската премиера завчера, скопската премиера на „Мама миа 2 “ е вечерва, од 20,30 часот кога во „Синиплекс“ ќе биде организирана Женска вечер.