По 357 години: Прва смена на стражата на Кралската морнарица во Лондон

Припадници на Британската кралска морнарица денеска првпат, по 357 години, изведоа традиционална церемонија за смена на стражата пред Бакингемската палата во Лондон.

Како што јавија британските медиуми, илјадници туристи се собраа пред капијата на палатата додека 86 морнари од 45 брода ја изведуваа познатата церемонија, која вообичаено ја изведува единицата на Кралската гарда во рамки на копнената војска.

Традиционалната церемонија за смена на стражата датира од 1660 година, а припадниците на Кралската морнарица, како што пренесуваат медиумите, беа возбудени што денеска имаа можност да учествуваат во неа.

Безбедноста во Лондон, за време на смената на стражата, изминатата година е засилена поради можни екстремистички напади, со оглед на големата популарност на церемонијата меѓу припадниците на британската престолнина.