По 20 години русокоса: Мадона пак бринета

САД- Поп-ѕвездата Мадона (60)  се враќа на своите корени. По 20 години како русокоса, изненади со својата нова фотографија со која позира со црна коса и со својата ќерка во позадина.

Последен пат поп-иконата беше црнка на забавата на „Венити Фер“ по Оскарите во 1999 година.

Во текот на плодната кариера, Мадона го менуваше имиџот-кратка, долга, навиткана и прекршена коса, фризура боб, платинеста русокоса како Мерилин Монро или со златни тонови.