По 20 години брак: Се разведува актерката Алиша Силверстон

САД– По дваесет години заеднички живот , од кои 13 во брак , се разведуваат актерката Алиша Силверстон и музичарот Кристофер Џарекија. Ваквиот чекор ги изненади сите .

,, Тие и натаму се сакаат , се почитуваат и ќе останат блиски пријатели , но донесоа заедничка одлука да се разведат откако поминаа дваесет години заедно . Имаат син за кои и двајцата ќе се грижат. “ , изјави портпаролот на Алиша .

Актерката , која се прослави во улогата ,,Откачена русокоса “ и музичарот имаат шестгодишен син , Бир Блу.

Кристофер беше член на групата „S.T.U.N.“ , а денеска има своја музичка емисија , додека актерката , покрај филмовите се занимава и со пишување книги за готвење за веганска исхрана.