По 12-годишна пауза, Русија повторно испорачува „лади“ на Куба

„Авто ВАЗ“ испрати 344 автомобили „лада веста“ и „лада ларгус крос“ на Куба, по 12-годишна пауза.

„На почетокот на декември 344 автомобили беа испратени на Куба, вклучувајќи ги и 320 „лада веста“ и „лада ларгус крос“, соопштија од прес-службата на комопанијата.

Претходно беше објавено дека автомобилите ќе се користат од страна на такси-службите и од компаниите за изнајмување автомобили. Се очекува дека автомобилите ќе пристигнат на Куба во јануари 2018 година.

Претседателот на „Авто ВАЗ“, Николја Мор, претходно изјави дека Куба за компанијата е еден од приоритетните извозни пазари, а „Авто ВАЗ“ очекува да продолжи со снабдување со автомобили на оваа земја во наредните години.