По 100.000 денари за семејствата на загинатите во сообраќајката кај Ласкарци

Советот на Град Скопје денеска со едноминутно молчење во знак на оддавање почит на загинатите во сообраќајната несреќа кај село Ласкарци ја започна  27-та седница, на која едногласно ја усвои Одлуката за определување еднократна парична помош за семејствата на загинатите и на повредените патници.
Со оваа одлука, Градот Скопје како израз на солидарност кон семејствата на загинатите и на повредените во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, на секое семејство кое изгуби свој член ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ, а на повредените по 30.000 денари.
Во големата сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари животот трагично го загубија 15 лица.