По фудбалска афирмација во Хрватска: Младиот стопер Христијан Димов во Интер Запрешиќ

Се зголемува македонската колонија на фудбалери во Хрватска. Овојпат станува збор играч чија афирмација допрва се очекува. Се работи за тинејџерот Христијан Димов кој од Вардар се пресели во Интер Запрешиќ. Има 18 години, игра на позицијата стопер, во есенската полусезона ќе настапува за младинската екипа од Запрешиќ, прекоманда меѓу сениорите очекува да добие напролет.

Димов почна да тренира фудбал на шест годишна возраст како член на Професионал. Наредната станица за совладување на вештините во најважната споредна работа во светот беше Работнички пред да стане дел од вардаровото семејство. Во изминатиот период влезе во радарот на Интер З., ја подигна потребната документација кај „црвено-црните“ е го прифати предизвикот да замине во странство.