По сообраќајката нормализирано движењето на патот Штип – Кочани

Сообраќајот на магистралниот пат Штип-Кочани, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, од 18:45 часот е норманилиран. Одвивањето на сообраќајот на државните патишта е по претежно суви коловози.
Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на граничниот премин „Богородица“ каде задржувањето е околу половина час, и на граничниот премин „Табановце“ каде задржувањето е околу еден час.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.